Кастриот не негира дека бил чуван во премиерската вила за да не падне владата

Реџепи не демантира дека на денот на гласањето престојувал во премиерската вила
пишува „Фокус“ кој цитира изјава на пратеникот Кастриот Реџепи на прашањето на дали на денот на гласањето на недоверба на Владата престојувал во премиерската вила.

Реџепи вели дека негово право е каде ќе престојува, според неговата проценка за својата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

,,Се што имав да кажам го кажав на мојата прес конференција и јавни настапи. Мое приватно право е каде престојувам во одреден ден според мојата проценка за мојата безбедност и на моето семејство. Најбитно е дека јас како пратеник со мандат го искористив моето уставно право да одлучам според моето убедување и со тој потег се обезбеди стабилно зголемено мнозинство и непречен дијалог со Република Бугарија”, изјави Реџепи за „Фокус“.

Предходно потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ јавно праша дали Реџепи се криел во премиерската вила на тогашниот премиер Зоран Заев на денот на гласањето недоверба на Владата.