Целото владеење на Путин, повеќе од 20 години било подготовка за обновување на Советскиот Сојуз, вели шаховскиоит велемајстор и опозиционер, Гари Каспаров за бТВ.

Но, тој смета дека таа цел веќе не е остварлива со оглед на тоа што во Украина руската армија доживеа пораз, геополитички пораз.


„Претпоставувам дека слободниот свет сега сфати дека сега е време да се реши проблемот со Путин еднаш засекогаш. Ако Путин има дури и делумен успех во Украина, постои закана за сите други земји, бидејќи неговиот режим е изграден на надворешна експанзија, како и секоја диктатура.

Иднината на Путин е како на секој диктатор. Бидејќи крајот на нивниот политички живот обично значи физички крај за нив“, вели Каспаров.

Тој гледа два патишта за иднината на Русија по завршувањето на војната:
Земјата или ќе стане кинеска провинција или ќе се интегрира во Европа и ќе го напушти империјалниот систем на владеење, вели опозиционерот Каспаров.