Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се договорија во овој град да биде отворен пункт за гласање на Бугарите од Македонија за парламентарните избори што ќе се одржат во април во Бугарија.
На средбата не беа поканети медиумите, а по нејзиното завршување на официјалниот Фејсбук профил на Општина Тетово е објавено дека една од темите на разговор на средбата било и организацијата на избирачкото место во Тетово за бугарските граѓани кои би сакале да гласаат на парламантарните избори кои ќе се одржат на 2 април во Бугарија.
„Градоначалникот Касами и амбасадорот Ангелов се обврзаа да обезбедат избирачко место, за граѓаните на Општина Тетово кои имаат бугарско државјанство“, стои во објавата на фејсбук профилот на Општина Тетово.