Владата не успеа да го скрие или контролира стравот од пораз на следните избори, особено кога се појави фронтот на обединетата опозиција со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти, напиша на Фејсбук тетовскиот градоначалник Биљал Касами по реакцијата претседателот на државата и на премиерот кои побараа одговорност за неистакнување на државните симбили и на химната на Македонија на собирите во Татово и Чаир по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти на овие две општини.

„Ја разбираме загриженоста на претседателот и Владата, изненадувачки со поддршка и реакции од Белград, и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженоста што албанската опозиција во РСМ се обединува и сега ѝ брои денови на оваа Влада на криминал и корупција.

Доаѓањето на премиерот Курти беше исто толку почит и чест за Албанците од с.Македонија, колку почит и за државата с Македонија, со која е потпишан меморандумот за заедничкиот проект – патот Тетово-Призрен“, напиша Касами на Фејсбук.