„Во 2022 година Движењето Беса ќе ги интензивира активностите, кои би довеле до предвремени избори.’ – нагласи денес претседателот на опозициската партија Беса Билал Касами на денешната средба со новинарите во Тетово, дополнувајќи оти потребата за одржување предвремени парламентарни избори се засновува врз загубениот легитимитет на Владата по локалните избори и преземаните недемократски активности.’ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.
Лајм“ пишува: „Владата го има изгубено легитимитетот и самиот поранешен премиер го кажа тоа, поради одлуките на владината коалиција. Ние не можевме да го дозволиме постојаниот притисок во Владата и затоа одлучивме да ја напуштиме. Не ја примија нашата порака и продолжија со недемократски мерки, за да останат на власт.’ – кажа Билал Касами.“
„Тој натаму истакна: ‘Тоа што беше иницијатива за да се урива оваа Влада, ситуацијата со пратеникот, беа дополнителен доказ дека нема што да бараме натаму во оваа владина коалиција. Не знам дали некаде се има случено кога еден пратеник потпишал за отповикување на оваа Влада за недоверба, а потоа да биде недостапен 24 часа. Ако тоа може да му се случи на пратеник со имунитет, замислете што може да му се случи на секој од нас обичните граѓани.“
„Според Касами, случката со пратеникот е доказ дека сегашните владини партнери по секоја цена сакаат да имаат власт. Лидерот на Беса нагласи: ‘Го информиравме целиот меѓународен чинител оти треба да има час поскоро предвремени избори. Она што се најде во Општина Тетово е дополнителен доказ дека ДУИ час поскоро да биде тргната од власта. Затоа што, за осум години за два мандати нанесена им огромна штета на Тетово и на неговите граѓани.“
„Може само може да замислиме колкава е штетата, што им е нанесена на државата и на граѓаните од страна на ДУИ во овие 20 години на власт. Тоа ќе може да го увидиме само во моментот кога ДУИ нема да биде на власт. Кога е дел од власта таа се штити и немаме можност тоа да го докажеме како што имавме за општина Тетово.’ – кажа на оваа средба со новинарите претседателот на опозициското Движење Беса Билал Касами.“