Откако вчера на уште еден собир за пуштање улица во организација на тетовскиот градоначалник Билал Касами се „појави“ знале со карта на Голема Албанија, реагира новинарот Арбен Раткоцери кој го оцени оваѝ како уште едно шоу на Касами.

Касами направи шоу со знамето со карта на етничка Албанија, поттикнувајќи иритација на македонското размислување“, вели Раткоцери.

„Токму дента кога американскиот пратеник Ескобар во Скопје врши максимален притисок врз главните политички фактори за уставни измени, градоначалникот на Тетово Биљал Касами го одби со инаугурација на ‘улички поплочени со бекатон’. Сето тоа придружено со патетична иконографија со знамиња и мапи на Етничка Албанија.

Акција координирана со некого заради повеќе од нормални реакции и иритација на македонското мислење и дефокусирање на посетата на американскиот функционер на Скопје“, напиша Раткоцери.

Логиката на Касами, всушност е дека, колку има повеќе коруптивни тендери, толку има повеќе непотизам и институционална злоупотреба, па затоа толку повеќе треба да се ‘труби’ за етничка Албанија, а Касами се обидува да ги прикрие скандалите што го одржуваат актуелен во медиумите како „пушка по војна“, ја пренесува објавата на Фејсбук на Раткоцери порталот Тетова сот.

Инаку вчера, во врска со покамната да се појави во МВР во врска со истакнувањето на знаме на „Голема Албанија, за време на посетта на Албин Курти на Тетово, Касами рече дека немал време да оди во МВР но и дека никој не може да го заплашува…