Лидерот на Беса Касам Билали им се обрати и на фракцијата „Огнена група“ во ДУИ да се отцепат и да се приклучат кон обединетиот албански опозициски фронт, заради уривање на ДУИ од власта, откако вчера Беса и Алтернатива потпишаа договор за соработка на сите рамништа на политичкото дејствување. Преку општествената мрежа фејсбук Касами ги повика да се приклучат кон обединетата албанска опозиција и пратеничката група и целото членство на Алијансата за Албанците со опозициска ориентација, за да се постигне конечно политичката ротација во албанскиот блок.
Лидерот на Беса Билал Касами објави: Вчера беше направен првиот чекор за соработка и обединување на албанската опозиција. Како претседател на Движењето БЕСА му подадов рака на соработка на Африм Гаши. По конечното отцепување на фракцијата на ДУИ ќе им подадам рака на обединувачка соработка и ним. Упатувам коректна и искрена покана до пратеничката група и до целото членство на Алијансата за А Албанците со опозициска ориентација да се му приклучат на опозицискиот фронт, бидејќи тие секогаш биле за промени во албанскиот политички табор и за уривање на ДУИ.
Ги поканувам и целиот опозициски спектар, јавните личности, албанската дијаспора и другите актери на албанското општество да се приклучат на овој фронт, за да има албанскиот гласач на следните избори точна адреса за процесот на промени, за политичката ротација на Албанците, за една ера на нова надеж. Направен е првиот чекор кон соработка и обединување. Сите да работиме заедно за победа на следните избори, за победа на Албанците.
Home Македонија Касами ги повика „Огнената група“ и опозициски ориентираните пратеници и членови на...