Голема карпа се срушила на ридот и уништила две соби во крајбрежен хотел на грчкиот остров Крит, убивајќи една Словенка додека спиела и го повредила нејзиниот мал син, соопшти полицијата.
Ројтерс јавува дека лизгањето на земјиштето се случило во раните утрински часови денеска во семејниот комплекс за изнајмување на плажата Маркос Студио, изграден под карпеста падина во Иерапетра.
Полицијата соопшти дека карпата уништила две соби. Сопругот(51) на загинатата бил во друга соба и не е повреден.
Под урнатините биле затрупани 47-годишна жена и нејзиниот осумгодишен син.
Околу 50 пожарникари дотрчале во областа и успеале да го спасат момчето откако еден час копале низ урнатините. Мајката на момчето била пронајдена мртва.
