Пишува: Катерина Златановска Попова – сертифициран кариерен советник
Фото: Проф. д-р Јане Ацевски
Имаше една игра кога бевме деца која ја игравме: направена од хартија, поделена на повеќе полиња во различни бои зад кои се наоѓаа скриени пораки…во зависност од бојата што ќе ја изберевте ви следуваше откривање на нова опција се до последниот чекор кога ќе стигневте до симпатична порака како создадена за вас.
Едноставна детска игра со толку многу опции.
Опции…за некои од нас толку возбудливи, неопходни и суштински во процесот на донесување на конечна одлука или избор, а за други пак целосно збунувачки, непотребни, застрашувачки.
Како е возможно да сме толку многу различни и додека за едни едноставна работа како што е избор на боја на автомобил, дестинација за летување, какво кафе ќе нарачаме, во кој ресторан да одиме со пријателите или со кои пријатели да одиме може да биде сериозна причина за немир и стрес, а за други пак причина за вистинска возбуда поради сите отворени можности.
Каква е вашата реакција на фразата, која толку често ја слушаме во последно време: Нема друга опција?
За некои од нас оваа фраза предизвикува сериозна вознемиреност па дури и гнев и желба за отпочнување на расправија бидејќи секогаш има и друга опција…само можеби не е толку очигледна и вреди да се истражува без да се прифати полесниот или поедноставен избор или решение.
Се препознавате ли?
Или препознавате некој од вашето опкружување?
Кој тип на личност сте вие? Од оние кои уживаат да бараат опции во се’ или можеби опциите воопшто не ви се пресудни во донесувањето на одлуки бидејќи за вас се поважни други причинители?
Читајте не’ за да дознаете повеќе…