МВР соопштение дека на клиниката за кардиохиругија денеска во 10 часот се случил инцидент во кој поранешниот директор, Сашко Јовев вербално нападнал медицинска сестра и физички го нападнал актуелниот директор Марјан Шокаровски.

Во соопштението, стои дека и тој самиот отишол во полициска станица и го пријавил инцидентот.


За „Фокус“ проф. др Јовев тврди нешто сосема спротивно.

„Не е точно дека јас сум нападнал. Нападаот е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален налад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас“, рече Јовев кој тврди дека е жртва на мобинг.

Вистината за инцидентот најдобро ја знаат безбедносните камери на клиниката кои го снимиле инцидентот.

Физичка пресметка на државна кардиохирургија, стариот го нападнал новиот директор, настрадала и сестра