Карантин и уред за следење на странци заразени со Ковид-19

Израелскиот парламент го одобри законот со кој се наложува задолжително носење електронски уред за следење за сите лица кои влегуваат во Израел и се во карантин поради коронавирусот, јавува Ал џезира.

Законот предвидува луѓето кои се во домашен карантин да уред за следење, а доколку одбијат, ќе бидат сместени во карантин во државен хотел.


Контроверзниот закон помина во средата на последното гласање во Кнесет. Критичарите, вклучително и единствениот пратеник од опозицијата, изјавија дека тоа ја нарушува приватноста на поединците.

Во исто време, Врховниот суд на Израел укина низа мерки со кои се ограничува влезот и излезот на израелските граѓани од земјата, со образложување дека се нелегални, пренесува АП.