Остра критика до грчката влада упати денеска поранешниот грчки премиер Костас Караманлис , според кој со Договорот од Преспа, не се почитува чувствителноста и разумната агриженост на огромното мнозинство граѓани за главното национално прашање.
Караманлис, премиер на Грција во периодот 2004-2009 во чиј мандат беше одбиен приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт, во писмената изјава доставена пред денешното продолжување на дебатата за Договорот за името во парламентот, вели дека владата не создала услови за елементарен национален консензус поова прашање.
Во исто време, тој нагласува дека критиката на Нова демократија за овој договор е силна и целосно документирана, а особено е важно дека „ефективната преговарачка предност на нашата земја, како што беше формулирана со одлуката на Самитот на НАТО во Букурешт, не беше искористена како треба“.
Според екс-премиерот и поранешен лидер на Неа демократија „целата зделка беше направена под неразумно брзи околности, и очигледно некои други се тие кои го решаваат ова прашање. Но, секако, не и Грција“.