Потписот на Преспанскиот Договор не дава автоматски влез во ЕУ, порача денеска поранешниот грчки премиер Костас караманлис, познат на овдешната јавност по „ветото“ на приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.
Караманлис кој повеќе од една деценија раководеше со владејачата Нова Демократија оценува дека Грција не го искористила соодветно преседанот што го поставил тој кога го блокирал влезот на Македонија во НАТО во 2008 година и дека настаните откриле „големи слабости” на Договорот од Преспа, пишува „„Катимерини”,
„Можевме да бараме и да постигнеме многу повеќе. Неодамнешните настани потврдија дека ‘другите’ сакаат да се приклучат на НАТО и на ЕУ но дека се уште мораат повеќе да докажуваат. После с’е, се чини дека имаат повеќе проблеми отколки оние со Грција”, изјавил Караманлис.
„Никој не треба да претпоставува дека со потпишувањето на Преспанскиот договор автоматски добива билет за Европската Унија”, порачал Караманлис.
Земјите кои имаат аспирации, порано или подоцна, да станат членки на Европската Унија мораат целосно да го применат и спроведат европското однесување, европските принципи и вредности, подучува поранешниот грчки премиер.