Универзитетската професорка Тања Каракамишева не може да се изначуди на способноста на премиерот Зоран Заев да привлекува лажни познати личности на светско ниво.
„Душа напатена, непромуабетена. А бе, како можеше сите пранкери во светов баш нему да му се навртат?“, со иронија коментира на Твитер професорката по уставно право и член на Венецијанската комисија по најновото местење на Заев во телефонски разговор, овојпат од лажната климатска активистка Грета Тунберг.