Професорката Тања Каракамишева ја поздравува заложбата да се почитува Уставот и законите на земјата и на Фејсбук наведува неколку случаи кои, според неа, треба да се преиспитаат:

„Секогаш сум поддржувала уставност и законитост, секогаш сум била за почитување на Уставот и на законите поради што уште еднаш ги реафирмирам барањата околу кои треба да се здружиме сите:

1. Поништување на одлуката за избор на Таљат за претседател на Собранието на Македонија,

2. Поништување на сите акти кои се потпишани од Таљат,

3. Поништување на геноцидниот Договор од Преспа,

4. Поништување на уставните амандмани за промена на името,

5. Почитување на волјата на граѓаните изразена на 30.9.2018г. за бојкот на промената на името.

Референдумска одлука немаше, бидејќи граѓаните со бојкот одлучија да ги казнат сите предатори на Македонскиот народ,

6. Поништување на Законот за јазиците и носење нов закон согласно меѓународните стандарди за малцински јазици,

7. Секако, ако одиме низ историјата истото ќе се однесува и на ОРД, на законот за територијалната поделба на државата, законот за амнестија на УЧК, законот за криминалната приватизација на Македонија, итн.итн.

Јас имам образ да го побарам ова, бидејќи имам докази дека жестоко сум се борела против сите овие канцерогени постапки и акти донесени на штета на Македонија.