Каракамишева за дупката во буџетот: Пак да си ги гласате и воспевате

Професорката Тања Каракамишева жестоко реагира на предупредувањата од првенци на власта за голема дупка во буџетот поради кризата предизвикана од коронавирусот, која, според некои од нив, значи дека на администрацијата можеби нема да може да ѝ се исплати дури ни минимална плата.

„Пак да си ги гласате и да си ги воспевате. АДМИНИСТРАЦИЈО, ТИ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ!!! Вашиот блескачки спасител ВЕ РЕШИ! Од сите искажани лаги, ОВАА Е НАЈГОЛЕМА ВИСТИНА! За само неколку недели од БЛЕСКАЧКИ ЦАР до ГОВЕДАР! Никогаш нема да ви простам што ги донесовте на власт!“, реплицира професорката на изјавата на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев: „Во буџетот ќе фалат две милијарди евра, прашање е дали ќе можат да се поделат плати“.