Професорката Тања Каракамишева поставува две прашања до оние пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за започнување на уставните измени согласно Преспанскиот договор и направија низа други политички и идеолошки отстапки кај власта за да добијат амнестија.
1. Навистина ли верувате дека сте виновни и ако да, дали вашата амнестија вреди повеќе од Македонскиот народ и нашата Татковина Македонија?
2. Ако не се чувствувате виновни зошто овие ступидарии? Зошто се омаловажувате и им влегувате во филмот на продадените и предавниците?
Засега професорката не доби одговор од ниту еден од нив. Сите молчат и гласаат како што се очекува од власта.
Предходно Каракамишева ги подучи пратениците и јавноста дека амнестија не се дава поединечно,туку за неопределен круг на луѓе учесници на настани со точен период на случувања од-до.
“Слушаме Вилма (обвинителката Русковска) ќе вршела “селекција” на оние кон кои нема да важи законот?! Исусе боже, или власта поим нема што е амнестија или државата комплетно ЗАБЕГА”, напиша професорката која без никаква кампања има поддршка од 2,7 % од гласачите како кандидат за претседател на Македонија.