Професорката Тања Каракамишева реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев според кој кога се зборува за Народна, Социјалистичка, Северна Македонија тоа е име на државата.

„Ја слушам госпоѓа Силјановска Давкова како изјавува дека е родена во Народна Република Македонија и ако и дадат лична карта со Република Северна Македонија, нема да е таа. Е која ќе е? Некоја друга ли? Аманте со тоа, реагира премиерот, рече Зоран Заев, за изјавата на Гордана Силјановска.

На ова Каракамишева вели:

„Кога премиер не прави разлика меѓу име на држава Македонија и социјалистичко уредување и облик на владеење -социјалистичка република, тогаш работите одат во целосна бездна!

Социјалистичка исто како и Народна од 1946 година се однесуваа на републиката како облик на владеење, а не на името на државата Македонија.

Сега Северна е пред името Македонија, а не пред Република, така што и на мали деца им е јасно дека се направи промена на името на државата!- пишува Каракамишева.