Професорката по уставно право јавно ја прозва претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за двојните аршини на Унијата во однос на Македонија.
„Госпоѓо Фон дер Лајен, замислете Франција да поставува услови за Холандија дека современиот холандски јазик доаѓа од францускиот, или оти Шведска е Норвешка, или дека норвешкиот е создаден врз основа на шведски дијалектни говори? Не можете да замислите, нели? Затоа што е незамисливо! Зошто Македонија е исклучок?“, прашува поранешната членка на Венециската комисија во обраќањето на социјалните мрежи до Фон дер Лајен.