Каракамишева: Да не се заборави, последниот збор го има македонскиот народ

Професорката Тања Каракамишева Јовановска анализира што ќе се случува по денешното гласање на Собранието за францускиот предлог.

Таа потсетува дека за да успее Бугарија да ги наметне своите уцени кон Македонија и Македонците пред влезот во ЕУ ќе мора да има народен плебисцит.

,Да не се заборави – ОДЛУКА за влез на Македонија во ЕУ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА ПОМИНЕ НА РЕФЕРЕНДУМ! Така што,остајте ги нека се глупираат на дневна светлина, нека си ги покажат сите лица и карактери. ПОСЛЕДНИОТ ЗБОР ГО ИМАМЕ НИЕ! Овојпат нема каде да бегаат-РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН!”, пишува професорката Каракамишева.