„Властите во северна Македонија користат секакви трикови за да покажат дека Бугарите има малцинство. Ова е политика уште од Титова Југославија. Се наметнува нов идентитет и се обезличуваат Бугарите“, вењли за БНТ поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.
Според Каракачанов, премиерот Кирил Петков се обидува да прикаже напредок во преговорите со северна Македонија, зашто, според него, премиерот некому се обврзал и за тоа зборува.
За „напредокот“ на историската комисија Каракачанов вели дека постигнатиот договор за Климент Охридски и Цар Самоил не е напредок бидејќи тоа било договорено во февруари.
„Сега само треба да разбереме за преродбата, за револуционерните борби, за Гоце Делчев и за историјата во РСМ“.
Како задолжителен услов за нормален однос и отворање на патот за членство на Северна Македонија во ЕУ, Каракачанов бара прекин на фалсификувањето а историјата, врз основа на што сега има омраза кон Бугарите….
„Не смееме да правиме компромиси со националните интереси“, категоричен е Каракачанов.
