Запрашан дали Бугарија може да го промени својот став во однос на Македонија под притисок на американскиот претседател Џо Бајден, вицепремиер Красимир Каракачанов, во разговорот за бугарската национална телевизија вели:

„Џо Бајден има право на сопствено мислење толку колку што имам јас право на сопствено мислење. Во мојата држава Бугарија еден обичен бугарски граѓанин има повеќе право на мислење од кој било претседател на голема сила, па макар тоа биле и САД. Тоа е.

Не гледам кој бугарски политичар и под чиј притисок ќе го промени решението на парламентот. Што би добила Бугарија од тоа? Ништо“, изјавил Каракачанов.

Плусинфо