Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во интервју за ТВ Стар од Штип. вели дерка не само професор Денко Малески, туку и многу други, меѓу кои и новинари, пишуваат дека Македонците до 1944 биле Бугари, а Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО, биле бугари…

„Не  кажува само Денко Малески точни работи дека историјата меѓу Македонија и Бугарија е заедничка, дека Македонците до 1944 биле Бугари, т.е. имаме заедничко потекло, ист корен, дека Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО била бугарска организација, бугарска дејност…

Не е само Денко Малески. Има и ваши колеги новинари како Бранко Тричковски за кого никој не може да каже дека е симпатизер на Бугарија, напротив. Но и тој пишува многу добри коментари. И многу други во времето на Заев“ вели Каракачанов.

Бранко Тричковски беше дописник на „Нова Македонија“ од Софија во раните 90-ти…