Караџовски дал дозвола пратениците во скафандер да отидат во Собрание

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека на негово барање, добил решение од првиот човек на Комисијата за заразни болести, и пратеници позитивни на коронавирус да одат на работа во парламентот.

„Решението е потпишано од Комисија за заразни болести односно Д-р Жарко Караџовски. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието.

Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, тоа е Уставна категорија. Од таму пратеникот не може да биде попречен во работењето, па дури и да е прогласена воена состојба“, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.