Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер истури куп комплименти за репрезентацијата на Македонија за гигантскиот триумф над Германија од 2:1 во Дуизбург во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

„Мојата почит за Северна Македонија. Несреќен пенал против нив, чист пенал што не добија и овие момчиња победија на гости против четирикратен светски шампион. Капата долу“, прокоментира на Твитер поранешниот играч за врска со 121 настап и 24 гола за германскиот национален тим, со кој во 2014 година стана светски првак, во 2006 и 2010 освои бронзен медал, а во 2008 и сребро од Европското првенство.