Кантера: Нешто чкрипи во македонската Агенција за разузнавање и АНБ

Македонските служби за безбедност пред се Агенцијата за разузнавање под контрола на претседателот Пендаровски и Агенцијата за национална БЕЗБЕДНОСТ (АНБ) под контрола на премиерот Заев, направиле сериозни пропусти кои ја нарушуваат довербата во нив и во земјава од страна на НАТО.

Ова за Алсат М а во врска со случајот на ПОЛКОВНИКОТ на АРМ кој не доби сертификат за безбедност за да замине во седиштето на НАТО во Брисел, го објаснува црногорски експерт за безбедност и НАТО.

„Во овој случај довербата е клучна. Вие мора да создадете таков однос со НАТО за НАТО да се увери дека институциите на системот во Македонија, пред се Агенцијата за разузнавање и новоформираната Агенција за национална безбедност квалитетно и професионално ја извршуваат својата работа, дека НАТО може да им верува, дека кога овие две институции ќе ги пратат своите информации во НАТО, да знаат дека тоа е тоа за подоцна да немате проблем. Во овој момент, очигледно некаде има проблем со Македонија зашто воениот претставник во НАТО се уште не добил clearance и еве, колку што имам информации, се чека веќе една година. Така што, треба да се види каде чкрипи, за што станува збор, за работите да се забрзаат и веќе да не се повторат“,
вели за Алсат Саво Кентера, претседател на Атлантскиот сојуз на Црна Гора за скандалот со македонскиот полковник кој НАТО не го прима во своите тајни.

За скандалот досега нема преземено одговорност ниту една државна институција или политичар.

Повеќе детали

Тежок удар за безбедносните служби: НАТО не дава сертификат за македонски офицер