Луис Инасио Лула да Силва, водечкиот кандидат во Бразил на претседателските избори во октомври, ја прекина својата кампања во средата за да се ожени со својата свршеница и лабуристичка сојузничка, социологот Росанжела да Силва.
Поранешниот претседател во средата навечер објави фотографија на Инстаграм, на која се гледа како Лула (76) на Да Силва (55) ѝ дава веренички прстен.
За Лула ова ќе биде трет брак.
Неговата прва сопруга починала во 1971 година, две години откако се венчале.
Со втората сопруга, Мариса Летиција, која беше прва дама на Бразил за време на неговите два мандати, имаа четири деца и нивниот брак траел 43 години, додека таа не починала од срцев удар во 2017 година.