Озборувањата за бракот со Трудо кружеа во Отава веќе неколку години, но несогласувањето во нивната лична врска никогаш не стана насловна.
Канадскиот премиер Џастин Трудо и Софи Грегоар Трудо се разделуваат по 18 години брак, разделба од висок профил за најпрепознатливиот пар со политичка моќ во Канада.
Објавата на Инстаграм на англиски и француски – се појави кратко по 12 часот вчќера.
„После многу значајни и тешки разговори, донесовме одлука да се разделиме“, велат тие.
Двајцата се венчаа во 2005 година и заедно имаат три деца: Ксавиер (15), Ела-Грејс (14) и Хадриен (9).
„Како и секогаш, ние остануваме блиско семејство со длабока љубов и почит еден кон друг и за сè што изградивме и ќе продолжиме да градиме“, велат тие. „За доброто на нашите деца, бараме да ја почитувате нашата и нивната приватност“.
Семејството ќе оди на заеднички одмор следната недела, се вели во посебна изјава испратена од кабинетот на премиерот.
Се вели дека двајцата потпишале договор за правна разделба.
