16-годишник ја застрела мајка си и уби двајца полицајци пред да си го одземе животот во Едмонтон, Канада, објави Гардијан..

Полициски функционер и висок владин претставник изјавија дека пукал и ја ранил својата мајка рано во четвртокот во стан во градот во провинцијата Алберта.

Двајца патролни службеници на возраст од 30 и 35 години биле застрелани и убиени по пристигнувањето на местото на настанот.

Дејл Мекфи, началникот на полициската служба во Едмонтон, рече дека осомничениот напаѓач се самоуби.

Мајката била пренесена во болница со повреди опасни по живот каде останала во тешка, но стабилна состојба.

Едмонтон е главен град на провинцијата Алберта, каде што во март 2005 година, маж застрела и уби четворица членови на Кралската канадска коњичка полиција во Мајерторп, централна Алберта. Пред тоа, полицаецот Ецио Фараоне беше застрелан до смрт во Едмонтон додека одговараше на вооружен грабеж во 1990 година.