Канадската министерка за одбрана Анита Ананд сподели слика од првиот тенк Леопард, донација на Украина од Канада.

„Првиот канадски главен борбен тенк ‘Леопард 2’ што ѝ го дониравме на Украина сега пристигна во Полска.

Со нашите сојузници ќе ги обучуваме вооружените сили на Украина за користење на оваа опрема“, напиша Ананд на Твитер.