Канада ги испрати сите 8 „леопарди“ за Украина

Канада и ги испорача на Полска сите осум тенкови „леопард 2“ кои оттаму ќе бидат транспортирани во Украина.

Ова го објави канадската министерка за национална одбрана Анита Ананд на Твитер.

Таа вети дека Канада ќе продолжи да ја поддржува Украина во војната со Руската Федерација.

„Официјално: Сите осум борбени тенкови Леопард 2 што Канада и ги вети на Украина пристигнаа во Полска. Ќе продолжиме да им ги обезбедуваме на Украинците орудијата што им се потребни за да се борат и да победат во оваа војна“, напиша Ананд.

Во јануари, Канада се приклучи на тенковската коалиција и вети четири тенкови Леопард на украинската армија. Подоцна го удвои бројот.
Канада, исто така, вети дека ќе пренесе 200 оклопни возила „Сенатор“ и оклопни спасувачки возила „Бергепанцер“ во Украина.