Здружението кампери од Езерото Треска на кои им е кажѓано да ги итстранат приколките до крајот на месецов, бараат средба со премиерот Заев во спротивно ќе излезат на протест пред Влада.
“Видовме што се случи со Матка. Никој ништо не му може на тој локален шериф. Исто ќе се случи и овде.
Премиерот Заев рече дека нема да дозволи локални шерифи да владеат, меѓутоа еве се уште владеат.
Ние се надеваме дека Премиерот ќе прифати или службите негови, затоа што ако не го прифати во среда или во четврток ќе организираме протест пред Влада.
Ако треба и приколки ќе оставиме пред Влада за да видат со каков проблем ќе се соочуваат понатаму“.
Повеќето немаат добиено ниту решение дека треба да се селат, „само 50 – 60 приколки имаат добиено такво решение,” вели Петре Неделковски од здружението на граѓани и кампери на езеро Треска за Телма.