Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан започна кампања во која тврди дека санкциите против Русија ја уништуваат Унгарија.
Санкциите визуелно се претставени како бомби на плакатите. Постери се појавија на улиците и во јавниот превоз.
Унгарците пред еден месец отворено кажаа дека се против воведување на нов пакет санкции против Русија.
„Во светот има јасна слика дека ефектите од санкциите се уште посилни од последиците од војната во Украина“, изјави тогаш министерот за надворешни работи Петер Сијарто.