Здравствените власти, преку СМС пораки ќе ги повикуваат граѓаните кои се во некоја од ризичните групи и добиваат термини за да се вакцинираат против корона вирусот.
Првенствено, како дел од кампањата, СМС пораки треба да добијат граѓаните над 65 години кои имаат и некое хронично заболување и кај кои ризикот од потежок развој на болеста е поголем, а повици ќе има и за лицата помлади од 65 години кои имаат поголем број на коморбидитети.
Но, овие денови, вакви пораки во кои стои термин и место за вакцинација добиваат и граѓани кои подолг период не живеат во Македонија, а кои патем се целосно вакцинирани и кои ја примиле и бустер дозата, дознава Фактор.
Освен тоа, станува збор за млади луѓе кои немаат никакви дополнителни здравствени состојби, хронични заболувања, односно никакви коморбидитети.
Според пресметките од електорнскиот систем МојТермин, 260.000 граѓани спаѓаат високоризична група, а од нив 130.000, односно половината не се целосно вакцинирани, додека оатанатите немаат примено бустер доза.
