Под овој слоган, ДУИ почна да го рекламира поставувањето на етмиќки Алкбанец за премиер во последните три месеци од мандатот на оваа влада.

На политичкиот договор помеѓу Али Ахмети и Зоран Заев за прв Албанец премиер деновиве потсети Бујар Османи, а го потврди Артан Груби во интервју за косовска телевизија „Дукаѓини.

Бујар Османи пред неколку дена најави дека наскоро Албанец ќе биде премиер, со што потсети на договорот со СДСМ од деновите на последното коалицирање а истото подоцна беше дообјаснето од Артан Груби.

Во изјава за косовска телевизија Груби рече дека договорот што бил постигнат меѓу лидерот Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев предвидува во последните 100 дена од мандатот на Владата функцијата да ја извршува Албанец.

Груби рече дека нема амбиции да го замени актуелниот премиер Димитар Ковачевски, туку дека изборот ќе го направи лидерот Али Ахмети.

Пред последните парламентарни избори кога ДУИ истрча со слоганот „Премиер Албанец, зошто не“, а набрзо потоа и истакна кандидат за премиер…

Сега некои сметаат дека во моменти кога расколот во ДУИ го достигна својот врв и кога „огнената група“ одржува чести средби со граѓани и освојува простор во медиумите, раководството на интегративците, како и во минатото, пронајде интересен слоган кој како маркетиншки трик се очекува да ги зацврстува позициите…