Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Каменуван е македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Искршено е стаклото од влезот на културниот клуб на установата на улицата „Димитар Димов“, објавија бугарските медиуми. Вандалскиот чин бил пријавен во полиција во Благоевград. Според првичните информации од тамошните медиуми, четири камења се пронајдени пред објектот на клубот.

емолирањето на македонскиот клуб се случи по чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, кое во Скопје помина мирно, но имаше тензии на граничниот премин Деве Баир, заради кои тројца Бугари беа уапсени, а казнети со 300 евра казна и протерани од Македонија.

Претседателот на македонскиот клуб Атанас Мазнев, уште минатата недела, предупреди дека не смее да има провокации, односно дека и бугарската страна треба тоа да го спречи. Во контекст на ова, Мазнев потсети дека на македонските граѓани кои отидоа во Благоевград на отворањето на „Никола Вапцаров“, не им беше дозволено да се поклонат на тамошниот споменик на Делчев, за да нема инциденти со насобраните Бугари кои протестираа. За жал провокациите од бугарска страна не само што не беа вчера спречени туку беа најотворени дури и од високи функционери.

Обвинителство од Благоевград е на ставот дека целите на македонското граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права се спротивни на бугарскиот устав и закон, а одлуката била правосилна уште пред неговото свечено отворање, односно од стартот на октомври.

Покрај Бугарите, против отвораањето на овој клуб жестоко беше и македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи. На два дена пред отворањето, тој порача дека тоа било непотребно, па поради тоа не замина во Бугарија, ниту тој, ниту било кој друг владин претставник.

Инаку претседателот на овој македонски клуб во Благоевград, уште минатата недела испрати смирувачки пораки во пресрет на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, сакајќи да демонстрира мирољубивост.