На сведокот Орце Камчев денеска му беше одбиено барањето да не сведочи во случајот „Меѓународен сојуз“, бидејќи како што рече, бил притворен незаконски и 4 часа чекал да сведочи поради што не бил кредибилен како сведок.
Тој, сепак, одговараше на прашањата на обвинителката Ивана Трајчева:
На прашање кога дознал за „Меѓународен сојуз“, тој посочи дека во обвинението фалат Зоран Милевски-Кичеец, Катица Јанева и нејзиниот син преку кои му биле понудени да финансира два проекта, еден за мол за светски брендови, другиот за старечки домови за лица носени од странство во Македонија.
Првиот го одбил. За вториот Камчев кажа дека испитувал за што се работи, но рече дека наишол на повеќе небулози, меѓу кои и неисплатливост на проектот….
„Понудата беше од синот на Јанева, а не од Бојан Јовановски. Не го потпишав ни вториот проект”, рече Камчев.
Тврдеше дека кога го одбил и вториот проект, тогаш се активирал случајот против него „Империја”.
„Појаснете ни од кого би беше пренесено дека интерес за вториот проект имал синот на Катица Јанева?”, потпраша Трајчева.
„Немаше што некој да ми кажува, на проектот беше потпишан Лазар Јанев”, одговори Камчев.