Камчев на слобода

Бизнисменот Орце Камчев од 6 ноември е на слобода, јавуваат медиуми.

Тој неодамна побарал спојување на двете затворски казни кои требаше да ги издржи, односно тој беше осуден на една година затвор за „Империја“ и исто толкава казна доби и за Плацеви на Водно“.

Па сега, наместо две години, бизнисменот доби една заедничка казна, која е намалена за четири месеци, односно вкупно требаше да одлежи една година и осум месеци.

За „Фокус“ од Кривичниот судпојаснуваат дека станува збор за редовна процедура, по што е одлучено вкупната казна да му се намали за 4 месеци. На ваквото барање на бизнисменот Обвинителството не поднело жалба.

Во неговата казна му се пресметува и времето поминато во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, како и куќниот притвор. Во случајот тоа се вкупно околу 14 месеци притвор кој тој ги одлежа за случаите „Плацови на Водно“ и „Империја“.

Инаку бизнисменот во затворот во „Струга“ влезе пред четири месеци, каде што е сместен во отворено одделение, односно се појавува само за спиење.

Камчев веќе излегол на слобода, бидејќи од затворот добил и еден месец условен отпуст.

Камчев за случајот „Империја“ се спогоди со обвинителството и беше осуден на една година затвор, а исто така плати и 5,2 милиони евра штета.