По речението на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, се јави и академик Владо Камбовски кој оценува дека Судот се ставил во заштита на бизнисот, наместо на човековите права и слободи.
„Во досегашната практика градежната мафија беше една од најрепрезентативните примери на организиран криминал и корупција, со донесување на урбанистички планови, со коруптивни акти и зделки, незаконитости при изведбата на градбите, итн“, вели академикот и ја повикува Владата да преземе мерки, пренесува порталот „Сакам да кажам“.
„Од Матка до ’Холидеј Ин‘ се случуваат скандалозни работи“, вели Камбовски.
За Уставниот суд, Камбовски вели дека „ таа институција и понатаму продолжува да потфрла под барањето да претставува најзначајна институција во заштитата на човековите слободи и права.