„СЈО ја одига својата улога во еден транзициски период и отвори смело многу предмети – сега со реформите во правосудниот систем, Обвинителството се оспособува ефикасно да го гони криминалот и високата корпуција“, вели академик Владо Камбовски.
Акедемикот е вклучен во консултациите во Министерството за правда, на кои се подготвува новиот Закон за јавно обвинителство со кој се предвидува сите предмети, истраги и обвиненија на СЈО да преминат во рацете на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, по писмото испратено од Јанева.
Камбовски потсетува дека имаше временски рок до кога СЈО законски може да функционира.
„Мандатот на СЈО можеше да се продолжи доколку наследникот на Јанева се избереше три месеци пред истекот на нејзиниот мандат.
Но, тоа не се направи затоа што се планираше токму Јанева да го продолжи мандатот. Кога тоа не се случи, а Јанева е приведена, со истекот на нејзиниот мандат на 15 септември, ќе се попречи работата на СЈО, затоа што според Законот за СЈО, само таа може да делегира и одзема овластувања на обвинителите во СЈО“, објаснува Камбовски.