Калоѓера: Пцоста изгледа е единствениот начин на комуникација со тие што ја водат Македонија во пропаст

Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, Горан Калоѓера, вели дека не е горд на својот речник упатен кон влста во Македонија, но и оти не се срами од пцоста што ѝ ја упати.

„Не сум горд на својот речник упатен кон владејачката гарнитура во Република Македонија. Но, кога со месеци пишувате текстови, кои го аргументираат сето она што актуелната власт сака да го уништи, тогаш станувате песимисти и бесни. Мојот бес го изразив со пцост од која не се срамам. Таа очигледно е единствениот начин на комуникација со луѓето што ја водат Македонија во пропаст. Очигледно дека дојдов до крајните граници на моето трпение, кое веќе тешко го контролирам. Поради тоа, ја прекинувам секоја понатамошна комуникација по прашањето на Македонија и луѓето кои ја водат во очигледна пропаст. Моите идни текстови ќе бидат, ако воопшто ги има, бидејќи сè има своја граница, исклучиво на ниво на научна мисла. Но, за да дојдам до тоа ниво ќе ми треба одредено време. Доаѓа време на празници, простувања и опуштање. Треба да се приведе кон крајот книгата за Рацин. Значи, им се враќам на академскиот речник и на науката, која е најдобриот пријател на вистината за Македонија.

На сите вас кои ме читате, следите, симпатизирате или критикувате во ова непожелно и болно време ви посакувам да останете живи, здрави и да ја сочувате Република Македонија. Среќна нека ви е претстојната Нова година. Се надевам дека ќе биде барем малку подобра од оваа, која буквално нè уништи. Да сте среќни и здрави. Се слушаме, ако има среќа, во Новата!“, порача хрватскиот борец за македонските правдини.

Повод за оваа објава на Фејсбук е претходната на Калоѓера, во која се осврна на најавата од министерката за образованиен Мила Царовска за укинување на историјата како посебен наставен предмет и нејзиното вклопување во нов заеднички со географијата и со граѓанското општество.

„Ако историјата се сотре и се сведе на некаков општ предмет, Македонија ги губи врските со минатото, со Климент, со просветителите, со преродбениците, со востаниците, со Илинден, со НОБ и со новата Македонија. Едноставно, нема повеќе Македонија! Па, ако тоа е целта на сегашната власт, по цена никогаш повеќе да не стапнам на тлото на Македонија, да им ја еб… мајката предавничка. Знам дека тоа не се соодветни зборови на член на МАНУ и почесен доктор на Универзитетот во Скопје, но ништо подобро во моментот не ми паѓа на памет!“, напиша тој.