Хрватскиот македонист Горан Калоѓера со нова објава на Фејсбук за „македонцките работи“.

„За да не се помисли дека ‘спијам’ или дека не следам што се случува во Република Македонија. Ќе бидам краток и прецизен. Заев требаше и мораше да замине. Негирањето на македонската нација е најголемата бедотија за која морам да читам. Славењето на Блаже Конески е нешто најдобро што македонскиот народ (барем некој од него) го прави. И тоа треба да продолжи. Јазикот, македонски, е скапоценост и потврден историски и лингвистички факт и сите понатамошни дрдорења околу тоа не вредат ништо. Едноставно, треба да се истрае и да се остане на браникот на татковината. Сето останато е бедно и јалово предавство“, констатира поранешниот почесен конзул на Македонија во Хрватска.