Три лица загинаа, а најмалку четворица се повредени во пукање во Лос Анџелес, соопшти во вчера пожарникарската служба на градот.
Ова е четврто масовно пукање во Калифорнија за една недела, јави Си-Ен-Ен.
Претходно Си-Ен-Ен објави дека последниот напад доаѓа по претходните 3 масовни престрелки во кои во рок од само 44 часа во Калифорнија биле убиени 19 лица.
Противпожарната служба на Лос Анџелес одговори на повикот за помош во 2:35 часот од станбена улица северозападно од центарот на градот, рече портпаролот.
На лице место биле пронајдени три лица мртви и двајца повредени, кои се пренесени во болница, соопшти противпожарната служба.
Двајца други сами заминале во болница, рече портпаролот.
Си-Ен-Ен соопшти дека пукањето се случило во близина Беверли Хилс
Полицијата соопшти дека три жртви биле застрелани во автомобил, а други четири додека стоеле надвор на улица.