Поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Ивајло Калфин смета дека „не можеме да зборуваме за признавање или непризнавање на јазик, бидејќи во меѓународното право не може да има признавање на јазик, бидејќи тој е нешто живо, се развива и не може да се поправи“.

Во изјава за БНР екс-министерот вели дека „Бугарија има право да изрази национален став по ова прашање, но тоа е максимумот што може да се случи“.

Според него, „ниту бугарскиот јазик никаде во странство не е признаен со експлицитна норма, а во Бугарија вели тој можеме да мислиме што сакаме за македонскиот јазик, но тоа нема да доведе до никакви правни последици во странство“. Нова ТВ