„Калето“ го ретвитна, а тој расистички ги нападна Афроамериканците и Ромите

Човекот чиј твит деновиве беше реобјавен од страна на официјалниот профил на американската амбасада во Скопје денеска со отворен расизам и говор на омраза против Афроамериканците во САД и против македонските Роми.

Лицето Ранко Србаковски кој важи за еден од најголемите поддржувачи на Зоран Заев и СДСМ на Твитер Афроамериканците ги нарекува “Црнци” а македонските Роми со погрдниот назив “Цигани”

“Ги гледам црнциве што прават во америка, па циганиве наши се британски благородници за нив, не сакам веќе да чујам лош збор за нив”, напиша Србаковски.

Предходно амбасадата на САД во Македонија го реобјави твитот (ретвитна) статусот на Србаковски за средбата меѓу Руските и Американските авиони над Црното Море.