Калајџиев за финалето на „Рекет“: Се тресеше гората, се роди глушец

Гордан Калајџиев, професор по кривично право на Правниот факултет, за „Фокус“ ги коментира завршувањето на процесот „Рекет“ и пресудите за Бојан Јовановски и за Катица Јанева.

„Поспорно е тоа што не беа повикани многу важни сведоци за овој случај и не беа изведени многу докази, Обвинителството го држеше под некоја контрола од политички причини. Делото ‘перење на пари’ за Бојан Јовановски не е докажано, односно не е докажано каде се пласирани тие пари, дали во некој бизнис, туку Обвинителството тврди дека тие веруваат дека тие се потрошени. Не е исто да тврдиш дека парите се потрошени и дека се испрани. Сѐ се сведе на претпоставки, без јасни докази. За Катица Јанева исто така не беше докажано дека ги зела тие 50.000 евра и мислам дека сето ова беше направено, не поради тоа што Обвинителството е неспособно, туку поради политички причини да се пласира во јавност само она што треба“, изјави Калајџиев, кој пред четири дена поднесе оставка од Советот за граѓански надзор над прислушкувањето.