Универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев смета дека наместо да се затвори СЈО требало да се избере ново.
„Секако мандатот на Јанева истекуваше, требаше да се избере нов шеф. Требаше барем да се проба, а мислам дека партиите ќе се усогласеа за некој кандидат.
Но, за жал акцијата беше да се сруши СЈО, бидејќи излегува дека само служело да се сруши ВМРО-ДПМНЕ“, вели професорот за „Фокус“.
Тој додава дека одлуката на Јанева да се предадат сите предмети е незконска.
„Предметите не се ниту на мајка и, ниту на татко и, не ги донела од Гевгелија, па да ги предава. На овој начин само ќе се развлечат, кој знае во чии раце ќе завршат.
Згора на се, адвокатите на обвинетите ќе ја спорат законитоста“, додава Калајџиев во изјава за „Фокус“.