Македонските власти засега не објавуваат какво и чие летало вечерва паднало на територија на Македонија во близина на главниот град на петнаесетина километри од центарот на Скопје.

Повеќе извори објавуваат дека во близина на селото Бујковци на тромеѓето на границите на општините Арачиново, Петровец, Куманово и Илинден паднало летало од непознат тип и модел.

Припадници на македонските служби одговорни за ваков вид на ситуации излегле на терен и направиле увид но засега нема информации за направена штета или други детали за леталото.

Според информациите не се работи за македонски летало а нема ниту индиции дали се работи за воен дрон или друг вид на цивилно летало.

МВР доцна вечерва негира дека паднало летало во Скопско

МВР негира дека паднало летало во скопско

Од истиот автор

Секој петок урнек инфографика објавува, одговори засега нема

Дали Спасовски со МВР финансира непријателски активности контра ,,Црната листа” на САД? (ТВИТ НА ДЕНОТ)