Каква мака има Ковачевски – Ги плукаше и демонизираше политичките ривали а сега ги вика на средба

Признава ли премиерот Ковачевски и неговата партија дека немаат доволно пратеници за смена на уставот.

По долга црна кампања во која што целата опозиција а особено лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше демонизирана од СДСМ сега премиерот Ковачевски закажува средба со лидерите на сите парламентарни партии меѓу кои и Мицкоски и Димитар Апасиев за кој СДСМ тврди дека е под контрола на Москва.

,,Европската иднина е наш приоритет и треба да се решава со широк политички и општествен консензус.

Затоа, утре, ќе испратам покана за лидерска средба до парламентарните политички партии, која ќе се случи на 7 ноември, во 12:00 часот во Собранието на s. Македонија”, објави вчера Ковачевски.

Темата на состанокот според најавите е промена на уставот.

Енигма е како Ковачевски планира да разговара со луѓето кои по негов налог се систематски навредувани и понижувани од партијата на власт и како очекува таму да се води нормален разговор кога досега ниту еднаш не имплементирал консензус при носење на политички одлуки.

Поканата за средба од Ковачевски се случува во период кога низ скопските улици се уште можат да се најдат банери на кои Мицкоски е прикажан како криминалец а свежа е и телевизиската кампања вредна стотина илјади евра чија цел имаше да ја демонизира ВМРО-ДПМНЕ а беше платена од СДСМ.

За своите клевети против Мицкоски СДСМ е осудена од надлежниот суд.

СДСМ вечерва го повтори делото против Мицкоски за кое беше осудена од судот