Премиерот Ковачевски кој последниве месеци е во интензивна пропагандна кампања во која инволвира разни категории граѓани деновиве ги злоупотреби и најранливите категории деца кои се борат за живот против најстрашната болест.

Ковачевски има право да мисли дека со јадење сува храна и сликање со деца може да го врати урнисаниот рејтинг.


Но не е човечки да вели дека имал убави моменти на местото каде се случуваат огромни човечки и детски трагедии и каде голем број од децата не успеваат да се изборат со подмолната болест.

Можеби не се разбирам од човечност но никако не ми влегува во умот дека Ковачевски може да има ,,убави моменти” на местото каде ежедневно се случуваат трагични, стресни, тешки и страшни ситуации.

,,На Хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести, имав убави моменти исполнети со искрена детска радост. Овие мали, а сепак големи херои со насмевка се соочуваат со големи предизвици.

Им посакувам брзо закрепнување и детството да го поминат во здравје и среќа дома”, пишува Ковачевски на социјалните мрежи во обид да добие политички поени.

Како може човек да има убави моменти таму каде што деца пречесто не успеваат да се изборат со смртта е прашање за Ковачевски, неговите пропагандисти но и за психолози и психијатри.

Има ли некој во тимот за пропаганда на премиерот да му каже да ги остави децата надвор од неговите политички и маркетинг шеми, и да не ,тресе зелени” дека има пријатни моменти таму каде што смртта ги демнее децата.

Или пак се работи за човек ѕвер кој би злоупотребил секого за да се обиде да стане популарен политичар кој има доверба меѓу обичните луѓе.

Да отишол да им даде поддршка без да се слика ќе верував дека во него има човечност и емпатија со децата, но со објавување на сликите од болните деца таа надеж веќе ја нема.

Очигледно на премиерот нема кој да му каже дека злоупотребата на деца кои се соочуваат со смртта не е рецепт за добивање на политички поенти туку само за карта за влез во пеколот.

Ако навистина сака да им помогне на децата и возрасните кои се соочуваат со различни видови канцер нека обезбеди соодветни лекови, нега и персонал а не да дозволи да нема лекови против рак или тие да се купуваат ,под рака”.

Се друго е нечовечност и евтина пропаганда.

За тие што не поверуваа дека Ковачевски имал убави моменти на средба со деца болни од рак